Со какви проблеми се занимава Барселона: Гризман ќе го менува бројот!

Место да се насочи на тоа што побрзо да се вклопи во екипата, Антоан Гризман цело лето е вознемирен за тоа кој број ќе го носи на својот дрес..

Седумката му беше зафатена од Фелипе Кутињо и пола лето чекаше Бразилецот да си замине за да ја земе. Првенството почна, а Бразилецот дури вчера се договори со Баерн. Тоа најдобро му дојде на Гризман кој ништо не играше во Билбао, ама затоа може да дојде до својот омилен број на што има право до крајот на преодниот рок.

Но, може да го претрка Усман Дембеле ако Нејмар дојде во тимот. Во таков случај Дембеле најверојатно ќе мора да се откаже од бројот 11 и би ја избрал седумката.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top