Со спектакуларен огномет во Лондон дочекана 2018 година

Со спектакуларен огномет беше дочекана 2018 година во Лондон и Единбург, јави Би-Би-Си..

Во Лондон огнометот го следеа повеќе од 100.000 луѓе, а во Единбург повеќе од 150.000 и покрај предупредувањата за силен ветар.

На концерт во Единбург свиреа Раг енд Боун мен и Хјуман Лиг додека посетителите на плоштади ги забавуваат Арета Френклин, Аријана Гранде и Флоренс Велч чија музика беше пуштана од звучници до полноќ. Испукани беа 10.000 патрони огномет, а шоуто траеше 12 минути.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top