Собранието денеска за интерпелациите на Николовски и Царовска

Собранието денеска во 16 часот треба да ја продолжи седницата на која на дневен ред се интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовскa..

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата.

За интерпелацијата гласаа 43, а против беа 56 пратеници.

Пратеникот Антонијо Милошоски, како причини за интерпелацијата ги наведе: договорот со соседна Република Бугарија „којшто за Софија е многу поволен, но за Република Македонија е штетен“, односот кон прашањето за мигрантите и го обвини Димитров дека „кариерата секогаш била првиот приоритет во неговата идеологија, без разлика кој е на власт“.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, во одговорот за поднесената интерпелација рече дека е изненаден што таа е поднесена пред истекот на 100-те дена од изборот на Владата, но дека ја разбира „ваквата возбуда кај подносителите зошто, сепак, после многу години стагнација и назадување вратите се отвораат и нешто ново и позитивно се случува за РМ“.

-На Балканот има само две сценарија од кои едното е европското со голема Европа, а воторото е враќање на амбициите за големи држави што имплицира промени на граници. Многу е важно да направиме се што можеме да се извлечеме од лошото сценарио и да влеземе во европското, рече Димитров.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top