Собранието ги изгласа и измените во Изборниот законик

Пратениците во Собранието утринава го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени..

На барање на ДУИ, во последен момент во измените на законикот влезе и промената на гласачки места во Петтата и Шестата изборна единица, па така Дебар и Маврово-Ростуше од Шестата се селав во Петтата изборна единица.

Пред тоа, пратениците по повеќечасовна расправа ја разрешија техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Се очекува до недела на пладне да бидат изгласани и Предлог-законот за јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители, бидејќи тогаш е најавена седницата за распуштање на Собранието.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top