Собранието ќе ја продолжи 52-та, а потоа и 74. седица

Ќе се разгледуваат оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски како членови на Комисијата за верификација на фактите.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 52. седница на која треба да расправа за оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски како членови на Комисијата за верификација на фактите.

По завршувањето на оваа седница, треба да продолжи 74. седница на чиј дневен ред се измените на Законот за судовите  во второ читање и Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка.

Во рамки на оваа седница пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за вештачење и на Законот за парнична постапка, двата во прво читање, а ќе дебатираат и за Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесен од пратеници од опозицијата. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top