Собранието ќе расправа за Законот за стечајците

Собранието денеска ќе ја продолжи 12. седница на која треба да расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата..

Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон.

Вчера, со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, пратениците го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата.

За пратениците од собраниското мнозинство, Законот е мерка од социјален карактер која ќе повлече и раст на просечната плата, животниот стандард на граѓаните а со тоа и на целокупната економија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top