Собранието расправа за Законот за совет на јавни обвинители

Законот за јавно обвинителство ќе го чека утрешниот, последен работен ден на овој парламентарен состав за да биде изгласан..

 Иако доцна синоќа заврши расправата по него, власта се уште не го става на изјаснување поради неизвесноста на двотретинското мнозинство. Од СДСМ се оптимисти дека сепак закон пред распуштањето на Собрaнието ќе има.

-Текстот продолжува по рекламата-

И од коалициската ДУИ со повик до опозициските партии да го поддржи законот бидејќи со тоа ќе го осигура датумот за преговори со ЕУ.

– Демократската Унија за Интеграција изразува силно разочарување за одбивниот став на опозициската партија Беса и нашиот поранешен владин партнер Алијансата за Албанците како и за опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство и ги повикува овие три партии да го променат нивниот став за овој закон и да гласаат ЗА.

Пратениците денеска пак, расправаа за законот за советот на јавните обвинители каде се прават соодветни измени на зканот со обвинителство. Дебатата со меѓусебни препукувања и обвинувања иако пратениците на власта само реплицираа, а се откажаа од правото на збор.

Покрај законот за јавното обвинителство двотретинско мнозинство утре ќе чека и законот за одбрана, а ќе се направи обид да се изгласаат и други закони меѓу кои и Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми.

Веднаш потоа, треба да почне дебатата и гласањето за распуштање на Собранието за да почнат изборните дејствија за изборите на 12 април.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top