Сокотаб и Филип Морис го променија ликот на училиштето Гоце Делчев

40 илјади евра за целосно заменување на надворешната и внатрешната столарија, 60 илјади евра за целосна реконструкција на санитарниот јазол и дополнителни 20 илјади евра за реконструкција на фасадата, донираа за демирхисарското основно образование познатит.

Со овој позитивен општествен поридонес, за последниве две – три години, речиси целосно е променет комплетниот лик на зградата на најголемото и најстаро основно училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, изградена пред повеќе од 50 години.

Оттогаш, скоро и да не беше извршена никаква поголема градежна интервенција врз објектот, освен поставувањето на нова кровна конструкција, а условите за настава станаа неподносливи и недолични.

Благодарение на посветениот однос на овие општествено одговорни компании, но и упорноста и умешноста на менаџерскиот тим на училиштето, Македонскиот центар за меѓународна соработка мошне успешно, професионално и одговорно ги детектира реалните потреби на демирхисарското основно образование и даде силна поддршка при имплементацијата на сите три проекти.

Последниов проект во вредност од 20 илјади евра се однесува на целосна реконструкција на над 2000 квадратни метри од надворешната фасада, заменување на главните светларници со нова ПВЦ столарија, како и поставување на 180 метри лимени окапници. Овој градежен зафат кој треба да заврши  пред почетокот на зимата, значитално ќе придонесе за заштита на надворешноста на објектот, но и за подобар естетски лик на училипштето и околината.

Повеке фотографии погледнете овде: 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top