Солари оствари уште една победа – Реал Мадрид триумфално кај Селта Виго

Реал Мадрид успеа да оствари победа на незгодното гостување кај Селта Виго со 4:2..

На овој натпревар продолжи голгетерската серија на Карим Бензема, кој и не е така омилен помеѓу навивачите на кралскиот клуб.

Тој постигна гол за почетно водство во 23. минута, а Реал со 0:1 замина на полувреме.

Во вториот дел, Густаво Кабрал си постигнува автогол за двојно водство на Реал. Веднаш потоа, домаќините намалуваат на 1:2 преку Мало.

Но за Реал да не остави ништо на случајноста, Рамос реализира пенал во 83. минута, а на самиот истек на 90 минута, Дани Себаљос постигнува одличен гол за 1:4.

Конечните 2;4 ги постигнува Мендез во 93. минута.

Реал со оваа победа дојде до 6. позиција (20 бодови), додека прва се уште и покрај денешниот пораз е Барселона со 24, Севилја е втора со 23, па следуваат Атлетико со исто така 23, Депортиво Алавес со 23, Еспањол со 21, па потоа доаѓа Реал Мадрид.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top