Солскјаер ги расипува плановите на големите ривали

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер одлучи да ги расипе трансфер плановите на големите ривали Манчестер Сити и Челзи..

Норвешкиот стручњак сака ова лето во своите редови да го доведе левиот бек на Лестер, Бен Чилвел, човекот за кого владее голем интерес меѓу најдобрите англиски клубови.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да исплатат 60 милиони фунти за услугите на овој фудбалер, а Солскјер го гледа како идеално решение за левата страна на својата одбрана во следните години.

Сити и Челзи исто така покажуваат огромен интерес. Сигурно е дека Лестер ќе направи уште еден фантастичен трансфер, исто како што направија во претходните години со продажбите на Канте, Марез, Мегваер, Дринквотер и други.

Останува на крајот да се види за кој тим ќе се одлучи Чилвел, но нема да му биде нималку лесно да донесе конечна одлука.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top