Солскјер по мечот со Барнли посочи каде ја прокоцкале победата, но сепак еден сегмент го радува!

Барнли вечерва беше блиску да ја запре победничката серија на Оле Гунар Солскјер, односно да ги победи за прв пат по доаѓањето на Норвежанецот..

За нивна несреќа, Јунајтед имаше пеколни 10 минути во финишот во кои успејаа да се вратат и да освојат бод, а Барнли може да жали поради пропуштената шанса да ја запре серијата на Солскјер и Јунајтед.

По мечот, очигледно беше разочарувањето кај тренерот на Јунајтед, но тој реши да извлече позитивни работи од ова реми.

„Ова е Манчестер Јунајтед. Знаеме дека можевме да бидеме подобри во првите 60-70 минути. Реакцијата по 0:2 беше брилијантна, тоа е тест на нашиот какрактер, тоа го мислам за целата екипа. Овој клуб никогаш не се откажува. Можевме да постигнеме и трет гол на крајот. Тоа е ДНК-то на клубот, да не се откажеме. Разочарани сме што не победивме, но фантастично сме среќни со реакцијата по големата негатива која ја имавме. Имаме бод од оваа средба но мора да учиме од ова“, истакна Солскјер по мечот со Барнли.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top