Солскјер сериозно загрижен за фудбалерот кој ова лето го облече црвениот дрес

Тренерот на Манчестер Јунајтед е загрижен за своето ново засилување, кое уште од првата сезона, остава силен печат во овој тим на Јунајтед..

21 годишниот Даниел Џејмс кој минатото лето пристигна во Манчестер од тимот на Свонси, скоро и да немаше одмор, тој досега има одиграно 15 натпревари и има забележано 895 минути.

Џејмс го чинеше Јунајтед само 15 милиони фунти, што за денешните трансфери е ситница, а неговите перформанси се фантастични.

Солскјер стравува дека поради замор, наскоро можат да го загубат овој фудбалер.

„Никој не го доведува во прашање залагањето и фитнесот на Џејмс во клубот, но за него мора сериозно да водиме грижа. Не сакаме да се повреди, пред се поради замор на телото“, рекол Солскјер за извор во британскиот таблоид The Sun.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top