Солскјер смирува: Не можам да замислам Погба да не игра тука идната сезона

Пол Погба е еден од фудбалерите за кои е заинтересиран Реал Мадрид како можно засилување за идната сезона..

Секојдневно има нови информации дека Французинот ќе го напушти Олд Трафорд и ќе се пресели во 13-кратниот европски шампион што предизвикува и немир во редовите на тимот во најважниот дел од сезоната. Но, Оле Гунар Солскјер ја смирува ситуацијата.


„Пол размислува на играта и не се фокусира на играта, тој е еден од најдобрите во светот. Јас лилно не можам да замислам идната сезона да не биде тука“, изјави Солскјер.

Вечерва на дуелот против Барселона, претставници на Реал Мадрид ќе можат во живо да го проследат Французинот пред можниот почеток на преговорите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top