Солун утре под опсада на 3.300 полицајци

Центарот на Солун утре на отворањето на 84..

Меѓународен саем ќе биде вистинска тврдина. Грчките медиуми објавија дека 3.300 полицајци ќе се грижат за безбедноста во градот каде доаѓа премиерот Киријакос Мицотакис. Солунската полиција ќе добие голема поддршка и од колегите од Атина – 11 водови специјалци доаѓаат од главниот град.

Лани имаше многу инциденти во Солун, состојбата беше зовриена заради Преспанскиот договор и тогаш Атина испрати повеќе полицајци, но сега таа се справува со расчистување на ситуацијата во атинска Егзархија, упориште на анархистите и на разноразни шверцерски банди.

Многу улици во центарот на Солун ќе бидат затворени за сообраќај или ќе има забрането паркирање од денес па до понеделник. Меѓу нив и улиците Цимиски и Виа игнациа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top