Сонцето од Кутлеш нацртано на фудбалски стадион во Австралија

Организаторите на Македонскиот Куп со Квинбијан подготвуваат изненадување за македонските љубители на фудбалот..

Сонцето од Кутлеш се црта на центарот на главниот стадион Seiffert Oval каде следниов викенд од 26 до 28 Jануари 2019 во Квинбиjан, Австралија во траење од 3 дена, ќе се одржи наjголемиот македонски фудбалски настан на годината, MASO CUP 2019, со учество на триесетина Македонски фудбалски клубови од ширум цела Австралиjа.

Овоj спектакуларен спортски настан ќе се одржува за прв пат во Квинбиjан. Во исто време ќе биде три дневна можност за дружење, запознавање и размена на искуство како во фудбалот така и меѓу играчите, гостите и македонската младина од цела Австралиjа на едно место.

Отварањето на овоj MASO CUP ќе биде во:

Сабота на 26ти Jануари во 11 часот на стадионот Seiffert Oval во Квинбиjан.

Ве oчекуваме,

Јовица Ѓоргоски Претседавач на организациониот комитет.

https://www.facebook.com/pg/MasoCup2019 

Голема заслуга имаат: Перо, Марјан Трајкоски, Зоран Дуцкиноски и Жарко Петрески.

Овој национален тренд е добро да го користат повеќе фудбалски клубови во Македонија и дијаспората.

Фото: Змејко Трајкоски


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top