Соопштение до јавностa по повод кршењето на одредбите од Законот за АНБ

Соопштение на Интегра.

Интегра – Македонска Конзервативна Пртија укажува дека кршењето на законските одредби при селекција на кадрите за работа во АНБ, не значи ништо друго освен партизирање на сегментот разузнавање, што претставува сериозен атак врз внатрешната безбедност на република македонија.

Во таа смисла симнувањето на прагот при селекцијата на кадрите за припадниците од албанската заедница, интегра го оценува како навреда за албанците кои со години најпрофесионално си ја вршеа работата во убк.

Симнувањето на прагот не се прави за да се постигне правична застапеност на сите заедници што живеат во Република Македонија, туку се прави со цел на мала врата да се протнат во АНБ и лица кои имаат сомнително или контроверзно досие, или се во игра заради поранешни заслуги за албанската кауза во македонија, а се кадар на дуи.

Ссто така интегра смета дека растурањето на елитниот полк за извршување на специјални задачи – волци како резултат на меѓупартиски уцени и внатрепартиски договарања на владеачката коалиција ДУИ – СДССМ, уште еднаш, со сета жестина ги отсликува неодговорните политики во одбраната, што ќе има далекусежни последици по безбедноста и одбраната на Република Македонија.

Во оваа смисла Интегра – Македонска Конзервативна Оартија ја повикува владата, сериозно да ги преиспита состојбите со АНБ, за тие што не ги испочитуваа законските одредби за селекција на кадрите за АНБ да ги земе на одговорност, како и да ја преиспита намерата за расформирање на полкот за извршување специјални задачи, се со цел да не дојде до нарушување на внатрешната безбедност на републиката.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top