Соопштение на Интегра за народно собрание во Сиднеј

Јавна трибина на раководството на Интегра во Македонскиот центар Илинден во Рокдејл..

Во соопштението се наведува:

Она што нам Македонците ни се случува не е фер и не е она што го заслужуваме од сегашните политички лидери. Но, ние мора да ги спуштиме главите и да се бориме. Никогаш да не се откажуваме.

Се надеваме дека ќе ве видиме сите следната недела во среда во 19:30 часот. Моравме да го вратиме состанокот на заедницата една недела назад заради доцнењето на визата од Македонија.

Состанокот насловен под Македонски Изборен Форум 2020 ќе се одржи во Македонскиот центар Илинден во Рокдејл.

Датум: Среда 27 ноември 2019, почеток: 7.30 часот попладне.

Координатор на оваа јавна трибина: Петар Ристевски.

Сите заинтересирани за настанот, кликнете на следниот ЛИНК.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top