Соопштение за Албанскиот екстремизам на вицепремиерот во владата на СДСМ

Соопштение на ИНТЕГРА..

По повод бессрамната и провокаторска изјава на вице премиерот Бујар Османи, дека доколку биде поништен законот за употреба на Албанскиот јазик, во Република Македонија ќе се наруши до сега постигнатиот баланс од Охридскиот рамковен договор и земјата ќе се доведе во состојба како пред конфликтот во 2001 година, ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА најостро реагира и ја осудува ваквата изјава која претставува уцена на правниот поредок и директна закана по безбедноста и стабилноста на Република Македонија.

ИНТЕГРА го потсетува премиерот дека даде писмени гаранции при добивањето на мандатот со кои се обврза на не менување на Уставот, името на Република Македонија, унитарниот карактер на државата и не прифаќање на Тиранската платформа. Од тука, ИНТЕГРА бара од премиерот Заев да не ги менува на дневна основа изјавите околу забелешките од Венецијанската комисија. Бараме забелешките да се прифатат и имплементираат, а од Османи да побара неотповиклива отставка.

ИНТЕГРА прашува за каков тоа баланс зборува Османи кога според податоците на МВР за издадени државјанства, Албанската заедница е застапена со 16,4% од вкупното население, а Албанскиот јазик треба да е службен на цела територија на Република Македонија?! Каде е балансот со изучувањето и зборувањето на Македонскиот јазик, балансот со Македонските знамиња во населените места со доминантно Албанското население, во партиските простории и на нивните прес конференции?!

Во оваа насока, ИНТЕГРА го повикува претседателот на државата Стево Пендаровски, ваквите закани и уцени сериозно да ги разбере и да бидат повод за свикување состанок на Советот за национална безбедност.

ИНТЕГРА во оваа прилика сака да укаже дека Република Македонија е унитарна, национална држава на Македонскиот народ и останатите етнички заедници што живеат во неа.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top