Соопштение за претседателските избори во Република Македонија 2019

Соопштение за гласањето на дијаспората за избор на претседател на Република Македонија.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

Ве известуваме дека во сабота на 20 април 2019 година, од 07:00 до 19:00, во просториите на Амбасадата на Република Македонија во 25 Cobbadah Street O’Malley ACT 2606 и во просториите на Генералниот Конзулат на Р. Македонија во Мелбурн 7/492 St Kilda Road, Melbourne, VIC, 3004, ќе се спроведе гласањето за нов Претседател на Република Македонија.

Право на гласање ќе имаат сите македонски државјани кои се во период од 08 февруари до 14 март 2019 година се пријавиле преку онлајн апликацијата на Државната изборна комисија, преку Амбасадата на Република Македонија во Канбера или Генерален Конзулат во Мелбурн и кои добиле Решение од Државната изборна комисија со кое на лицето му се овозможува своето право на глас да го оствари во Амбасадата на Република Македонија во Канбера и во Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн. За проверка на состојбата на Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, кликнете на следниот линк:

https://izbirackispisok.gov.mk/

Лицата кои се запишани во посебниот извод од Избирачкиот список, ќе можат да го остварат своето право на глас, доколку поседуваат важечка македонска патна исправа или важечка македонска лична карта, со која ќе  се идентификуваат на денот на гласањето.

Со почит,

Амбасада на Република Македонија

ДКП - Канбера и Мелбурн


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top