Сорос сака војна во Србија: Откриени детали за неговиот план кај соседите

Сорос сака војна во Србија.

Озлогласениот милијардер Џорџ Сорос, познатиот финансиер на таканаречените обоени револуции и човек кој стои зад војните во Либија, Сирија, но и зад кризата во Македонија, им наложил на своите платеници во Србија по секоја цена да предизвикаат хаос во Белград и во другите српски поголеми градови каде протести како оние во нашата земја веќе се започнати. За финансирање на овие негови „спонтани“ револуции кај северниот сосед тој одвоил околу 10 милиони евра, пишува Информер.рс.

Поради ова стигнало и предупредувања со српските безбедносни служби на крајот на минатата недела од руските колеги, наведува порталот.

Се оди по познато сценарио

Како што се наведува во рускиот допис, кој бил испратен една недела пред да се одржат претседателските избори во Србија, странски агенти и соросовите платеници ќе се обидат мирната предизборна ситуација да ја претворат во „постизборна криза“ во која лидерите на опозицијата, таканаречените независни интелектуалци и новинари кои се под контрола на Западот, ќе креираат атносфера во која насилните судири ќе бидат неизбежни.

– Ќе се обидат на извршат рана делегитимизација на изборниот процес и да го оспорат резултатот на Вучиќ. Каков и да биде резултатот, тие ќе тврдат дека се случил изборен грабеж. Во протестите ќе се злоупотребуваат студентите и луѓето кои се плаќаат преку фондовите на Сорос за отворено општество.

– Цeлта на овие протести е да се испровоција прекумерна реакција на полицијата за потоа демонстрантите да бидат искоритени како доказ за недемократски режим и диктатура, стои во дописот на руските разузнавачи во кој бил и наведен список од 50-тина активисти кои ќе бидат задолжени за предизвикување хаос, наведува Информер.

Само ден по изборите во Белград и уште неколку градови почнаа да се одржуваат „спонтани“ протести на младите, точно како што предвидува сценариото. Во првиот од тие протести беше демонстриран вандализам со тоа што беше уништен таканаречениот ѕид на плачот и паното на кое стоеле сликите и имињата на Србите кои загинале во нападите на НАТО и ОВК за време на војната на Косово, додека на зградата на РТС било фрлано со јајца.

– Нема шанси во 15 градови одеднаш да избувнат спонтани протести. По сценарио, хаосот требаше да се случи ноќта на изборите. Резултатот да беше тесен, тие веднаш ќе удреа на институциите и ќе се обидеа да предизвикаат нов 5-ти октомври. Сето ова што го гледаме е синхронизирано и контролирано, вели Владимир Ѓукановиќ, член на одборот за контрола на српската служба за безбедност.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top