Сослушување во Конгресот, Трамп ја злоупотребил функцијата

Сослушувањето на четворица американски уставни експерти во Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на Конгресот заврши по осум часа со нивна поддршка на напорите на демократите за отповикување на претседателот Доналд Трамп..

Според нив, постапките на Трамп кои произлегоа од телефонскиот разговор на 25 јули со претседателот на Украина Володимир Зеленски го достигнале со Уставот дефинираното ниво на „подмитување“ или „тешко злосторство и други тешки прекршоци’ што е потребно за менување на претседателот. 

Во извештајот објавен претходно се наведуваат докази за кои демократите велат оти ги покажуваат напорите на Трамп да побара странска интервенција во американските избори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top