Состојбата со пожарите на Пељешац се уште критична

Состојбата на Пељешац, каде горат пожари кои ги гасат стотици пожарникари и припадници на армијата, е многу тешка, изјави потпретседателот на хрватската Влада Дамир Крстичевиќ..

– Ситуацијата на Пељешац е многу сложена, но мислам дека ќе ја ставиме под контрола, изјави Крстичевиќ за ХРТ, и за денеска свика итен состанок на дубровачко-неретванскиот жупаниски противпожарен штаб.

Поради силните ветрови кои дуваат во областа, канадерите вчера дури во доцните попладневни часови успеаја да се пробијат до пожарите и да им помогнат на пожарникарите на терен. Според последните информации, ветарот на Пељешац ја сменил насоката и се стравува дека пожарот би можел да тргне кон општината Трпањ.

На терен се 300 пожарникари со 50 возила и припадници на армијата, а денеска во Оребиќ пристигнуваат и дополнителни сили.

Крстичевиќ синоќа го посети и Сплит каде пламна пожар на врвот на Марјан, но половина час по дојавата беше ставен под контрола.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top