Совети од Владиката Димитриј во време на коронавирусот: Болните може и дома да се причестат, не бакнувајте ги иконите

Владиката од захумско-херцеговинскиот регион Димитрија ги повика верниците на таа епархија поради ширењето на коронавирусот да не доаѓаат на литургиите доколку се хронично болни.

Владиката им порача на свештениците кои имаат било какви симптоми како покачена телесна температура, кашлица, болка во грлото, малаксаност, кивавица, отежнато дишење и слично да не учествуваат во литургиите, објавено е на сајтот на Епрхијата захумско-херцеговинска.

Исто така, свештениците се советуваат да ги благословуваат верниците вербално и означувајчи ги во знакот на крстот без никаков физички контакт.

На верниците им се препорачува да не ги бакнуваат рацете на свеѓштеникот, како и физичкиот контакт со другите верници да се сведе на минимум.

На верниците им се препорачува да не ги бакнуваат светите икони, а почит да им се оддава само со поклон, односно со мала метанија.

По завршувањето на литургиите треба да земат нафора од рацете на свештеникот, не бакнувајќи ја неговата рака.

Владиката апелира верниците да се придржуваат на упатствата на СЗО, надлежните медицински установи и своите семејни лекари.

Порачал како одговорни луѓе да покажеме љубов и внимание кон најблиските со својата верба во Христа, особено кон оние најранливите со здравствени проблеми кои овој вирус ги предизвикува, но и на оние кои најмногу се изложени на опасност од зараза.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top