Советник на Ердоган: Телото на Кашоги било растворено во киселина

Вусок турски функционер, претседателскиот советник Јасин Актај кажа дека верува дека телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги било растворено во киселина откако било распарчено..

Актај кажа дека „единствениот логичен заклучок“ е дека тие што го убиле Кашоги во Истанбул го уништиле неговото тело „за зад себе да не остават траги“, пренесува Би-би-си.

Британскиот јавен сервис истакнува дека не се најдени докази дека телото на новинарот-дисидент било растворено во киселина.

„Причината зошто го распарчиле неговото тело е за што полесно да ги растворат остатоците“, изјави Актај за весникот Хуриет дејли.

Овие тврдења се изнесени во момент кога вереницата на Кашоги Хатиџе Ченгиз ги повика светските лидери да ги „приведат пред правдата извршителите“ во текст што го објавија пет весници, вклучувајќи ги лондонски Гардијан и Вашингтон пост.

Во меѓувреме, светските агенции пренесуваат дека саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман на американските претставници им кажал дека смета дека Кашоги бил опасен исламист.

Кашоги, како што се наведува, тоа го кажал во телефонски разговор со преставници на Белата куќа откако неговата земја призна дека саудискиот новинар е убиен.

Саудиска Арабија негираше дека била кажани такви тврдења, како и дека кралското семејство е вмешано во убиството и соопшти дека е „решена да ги утврди сите факти“.

Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул во средата соопшти дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил задавен веднаш по влегувањето во конзулатот на Саудиска Арабија на 2 октомври.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top