Советот за безбедност на ОН не донесе одлука за масакрот во Газа

Советот за безбедност на ОН не успеа да усогласи заедничка одлука, на итната седница по повод ситуацијата на границата на Израел и палестинските територии..

Седницата помина во меѓусебни обвинувања на израелскиот и палестинскиот амбасадор, кој го прекршил меѓународното право, откако израелските трупи убија повеќе од 50, а ранија над 2.700 луше, на масовните протести во Пајасот Газа.

Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур упати прашање до Советот за безбедност: Колку Палестинци треба да умрат за ОН да реагираат и кога ќе реагираат?

Израелскиот амбасадор Дани Данон изјави дека неговата земја ги брани границите и го обвини Хамас дека се обидел да изврши напад под маската на протестот.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени дека убиството на 50 луѓе покажува итна потреба да се најде политичко решение за конфликтот.

-Начин да се надмине овој застој е “решение за две држави кои ќе им овозможат на Израелсците и на Палестинците да живеат заедно во мир и безбедност“, изјави Гутереш.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top