Советот за безбедност пред нови санкции врз Северна Кореа

Ќе има нови санкции врз Северна Кореа.

Советот за безбедност на Обединетите нации остро ја осуди минатонеделната севернокорејска ракетна проба и се закани со нови санкции против Пјонгјанг за „дестабилизирачкото однесување во регионот“. Од Северна Кореа е побарано да не изведува натамошни нукеарни тестови. 

Резолуцијата на Советот предложена од Соединетите држави беше прифатена откако по инсистирање на Русија во финалниот текст било додадено оти е неопходно да се постигне мирно решение преку дијалог.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top