SpaceX наскоро ќе превезува астронаути во вселената

Вселенската компанија ,,SpaceX” за 7 јануари следната година подготвува прво лансирање на ракета што би требало да превезува астронаути до Меѓународната вселенска станица , објави НАСА..

Лансирањето од вселенскиот центар ,,Кенеди” е новост во комерцијалната програма , со што за пшрв пат по десет години ќе се превезуваат астронаути , кои полетале од американско тло. Капсулата на SpaceX би требало да превезе тројца астронаути , од истиот лансирен простор од каде полета и Аполо 11 во 1969 година.

НАСА не го објави планот на летање , но вели дека со него ќе се откријат особините на ракетата Фалкон 9 , капсулата Crew Dragon како и операциите за можностите при спојувањето со вселенската станица. НАСА за својата програма со човечки екипаж ги одбрала како партнери SpaceX и Boeing користејќи ја нивната капсула и леталото Crew Dragon и  CST-100 Starliner.

По укинувањето на американската шатл програма во 2011 , НАСА се потпираше на Русија во праќањето астронаути на Меѓународната вселенска станица , која лета во орбитата на околу 420 километри над Земјата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top