Спалети се отвори и проговори за Икарди: Се шокирал од одговорот кој го добил од Мауро

Интер вечерва во првиот 1/8 финален меч од Европа лига оствари добар резултат откако во Германија против Франкфурт одигра реми без голови. Сепак „нераѕурите“ може и да жалат поради пропуштената шанса за победа сооглед дека промаија пенал..

Италијанскиот клуб и вечерва беше  без Мауро Икарди кој веќе неколку седмици не игра за Интер откако клубот му ја одзеде капитенската лента.

Икарди од тогаш тврди дека има повреда на коленото, но лекарските прегледи велат дека не ја говори вистината. Сепак Аргентинецот не се откажува од своите тврдења што многу го налути тренерот на тимот Лучиано Спалети.

„Точно е дека го прашавме Мауро дали чувствува дека може да тренира. Докторите му дадоа дозвола и рекоа дека е подготвен, но тој одбива да тренира. Ми рече Не, се уште чувствувам болка и ќе ти кажам кога ќе бида подготвен да играм. Му реков ок и заминав по својот пат. Директорот Бепе Марота ќе ви каже утре повеќе околу се“, изјави Спалети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top