Спарси шокирани: Ѕвездата на Сан Антонио надвор од терените на подолго

Кошаркарот на Сан Антонио, Маркус Олдриџ, ќе биде отсутен подолг период од кошаркарските сали во Америка, поради тоа што му откриле тешка срцева болест, односно опасен облик на аритмија..

Олдриџ кој ја игра својата втора сезона со Спарси, има проблеми со срцето и одлучено било тој да биде надвор од терените, со цел да се стабилизира неговото здравје.

Срцевата аритмија претставува отстапување од нормалниот ритам на срцето. Срцето на Олдриџ функционирало неправилно, пребрзо или пребавно на моменти, што може да претставува огромен здравствен проблем.

Ла Маркус Олдриџ веќе 10 сезони игра во НБА. Поголемиот дел го помина во Портланд, но од минатата сезона, пристигна во редовите на Сан Антонио. Оваа сезона тој имаше просек од 17 поени по натпревар.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top