Спасовски: Мора да има завршница за „Рекет“, секој што учествувал да одговара!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за МИА, вели дека многу е важно случајот „Рекет“ да има завршница, а за пратеничката Фросина Ременски дека ќе разговараат и одлучуваат во партијата..

Сметате ли дека Фросина Ременски треба да биде исклучена од партијата со оглед на тоа дека е сега осомничена во овој случај и дали очекувате други членови на вашата партија да се открие дека се инволвирани?

– Видете многу е важно целиот овој случај да има завршница. Секој еден којшто е дел од каков било акт којшто е осомничен итн. да се поведе постапка, да се изведе пред лицето на правдата да се докаже тоа што е моментално сомнеж итн. и да покажеме дека РСМ има капацитет да се справува и со овие прашања. Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за  кој било член на Влада, директор, пратеник итн. во институциите, сега гледате дека полека, но сигурно се гради тој систем, па почнуваме да разговараме не само за одговорност на бившите функционери, туку за одговорност и за оние коишто денеска се дел од институциите. Партијата ќе разговара во однос на прашањето и во однос на односот на Фросина Ременски, односно случајот со Фросина Ременски. Јас сакам да се почитува нели пресумпцијата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата.

Инаку јас само очекувам  институциите на системот да работат и секој еден којшто учествува не само во овој случај, туку секој еден којшто учествува во криминални активности за што било во кој било случај, во било која институција да мора да ја сноси одговорноста, затоа што на таков начин ние праќаме силна порака до граѓаните дека прво правдата нема да биде селективна, дека сите процеси ќе се водат транспарентно, дека институциите на државата имаат капацитет да се справат со вакви ситуации и на крајот од краиштата да ја пратиме клучната порака како граѓани на РСМ дека сме определени сериозно да се избориме против криминалот и корупцијата. Тоа е нешто што од нас во овој момент се очекува, чесните, одговорните граѓани на оваа држава да ги победат оние коишто се нечесни и коишто учествувале во криминални активности, вели министерот Спасовски во интервју за МИА.

Извор: Фокус


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top