Спасовски: Трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти

Трикратно е зголемено спречувањето на криучарење мигранти во земјата. Министерот Спасовски потенцираше дека националната единица за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, веќе имала резултати..

Сепак според информации на 1Тв, само во последните 5 дена, во соседна Србија стигнале 170 нови мигранти од кои 150 влегле токму преку Македонија.

– МВР и Јавното обвинителство на Северна Македонија формираа посебна национална единица за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе која работи на спречување на илегалната миграција и веќе има резултати. Врз основа на тоа, резултатот за 2018 година е повеќе од трикратно зголемување на спречување на криумчарењето на мигранти, разбивање на тие криумчарски групи, вели Спасовски.

Спасовси уверува – наскоро ќе завршат преговорите за парафирање на договор со европската полиција ФРОНТЕКС и ќе падне потпис.

Во меѓувреме според податоците, на грчките острови во последните две недели од март пристигнале 1000 нови мигранти, а турската крајбрежна стража спречила исто толку луѓе нелегално да влезат во Грција во 25 инциденти.  Од почетокот на годината пак досега на Егејското море, во вкупно 88 акции во кои се притворени 7 луѓе, а еден мигрант го загуби животот , спречени се 3500 мигранти да го продолжат својот пат.

Иако официјално Балканската рута е затворена од март 2016 година,  јасно е дека таа е се  уште жива, а голем број луѓе секојдневно си ги испробуваат своите можности за транзит до западноевропските земји кои нудат место за подобар живот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top