Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид – балкански здравствен центар

Ексклузивно за Фаланга од Охрид - Веле Митаноски.

Формирана, мегу првите во земјата по Втората светска војна, во 1950 година, специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид, ги добива својствата на  здравствен центар на јужниот Балкан.

Покрај од Македонија, тука се лечат пациенти од Албанија, Косово, јужниот дел на Србија, како и од други земји.

На почетокот, установата делуваше како Костозглобна болница, но брзо се ширеше со дејноста и стигна до светски глас, особено откако тука почна да доага рускиот академик Илизаров, единствен во светот кој го примени методот на продолжување на коски на екстремитети.

Болницата сега е во фаза на доградба, проширување и адаптација – како прва фаза, додека во втората фаза тука ќе се всели и Кардиолошкиот центар, сега сместен во угостителски објект во населбата Свети Стефан.

Овој центар е единствен  за рехабилитација на срцеви болни после извршени хируршки зафати на срце во земјата, а веќе неколку години персоналот успешно чекори и на полето на инванзивната кардио-хирургија.

Вкупната инвестиција за реновирањето на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид чини над 5,5 милиони евра.

Министерството за здравство, веќе ја објави процедурата за јавна набавка на медицинска и немедицинска опрема, за вкупно 515 парчиња медицинска опрема, како и дополнителни парчиња мебел и немедицинска опрема.

Апаратите се наменети за повеќе специјалности: апарат за анестезија со монитор, монитор за витални параметри, пенданти за интензивна нега и друга дополнителна опрема за интензивна нега, подвижен рендген апарат, ендоскопски систем за артроскопија, оперативен микроскоп за неврохирургија, надоградба на постојниот рентген кабинет, плазма стерилизатор, портабл колор доплер, ЕХО апарат со кардиолошка сонда, ЕКГ 12-канално, транспортен пациент монитор, апарат за континуирана торакална дренажа со погон на вакуум, респиратори со волуметриска и притисочна контрола и слично.

И специјалната болница за ортопедија и трауматологија и кариолошкиот центар, веќе сега се значаен потенцијал во здравствениот туризам, за што Охрид нуди идеални услови, а објектите се распослани на самиот езерски брег, сред парковски површини, плажи и други атрактивности.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top