Според научниците, луѓето стануваат се поглупави и никој не знае зошто

Постојаниот пораст на просечните резултати за човечката интелигенција е познат како Флинов ефект и траеше со години..

Кога и да спроведуваа истражување научниците, резултатот би бил пораст на интелигенцијата за околу три бода по деценија.

Меѓутоа, последното неодамнешно истражување дојде до загрижувачки резултати кои покажуваат дека трендот на пораст на IQ сепак се менува. Веројатно не би требало да не загрижува ако падот на IQ се гледа само кај мал дел од популацијата, затоа што образованието и исхраната можат да влијаат на тоа, а тие фактори варираат од население до население. Меѓутоа, според новото истражување, се чини дека тоа не е само мал дел од популацијата, туку станува збор за целиот норвешки народ.

Кога научниците од норвешкиот центар за економски истражувања „Рагнар Фриш“ анализираа 730.000 тестови на интелигенција, резултатите покажаа пад од 7 бодови. Поради се полошите резултати секоја година се поставува едно битно прашање: Што предизвикува се послаби резултати на IQ тестовите?

Како едно од можните објасненија за падот е модерниот начин на живот. Меѓутоа, бидејќи падот почнува во 70-тите години, многу порано пред да станеме сите врзани за малите екрани, тоа не може да биде единственото објаснување. Остнатите предложени објаснувања се нездравиот современ начин на исхрана, се поштетните медиуми или падот на квалитетот на школувањето, како и се пореткото читање.

Проблемот дури може да се пронајде и во начинот на кој се сосставени IQ тестовите. Научниците прават разлика меѓу кристализираната интелигенција (се што сте научиле и се што паметите) и флуидната интелигенција (вашата способност да научите нови работи). Тестовите за интелигеницја генерално ја мера вашата кристализирана интелигенција.

Крајниот заклучок сепак е деа причината за падот на интелигенцијата останува мистерија, но секако треба да се загрижиме каков ефект има денешниот седечки начин на живот со пречестата употреба на лаптопите и паметните телефони и консумирањето нездрава брза храна на нашиот мозок.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top