Според Уставот, Груевски веќе не е пратеник оти неоправдано отсуствува над 6 месеци

Пратениците само ја верификуваат и формализираат задачата што им ја дава Уставот и која тие мора да ја исполнат..

Mесто Собранието уште веднаш да се повика на Уставот и задачата што му ја дава, опозицијата и власта се подготвуваат за маратонски седници, како на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, така и на пленарната седница, на која ќе гласаат сите пратеници за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој е осуден и е во бегство.

Членот 65 од Уставот е јасен и тој веќе му го одзел мандатот на пратеникот кој 6 месеци воопшто не се појавил на работа, а отсуството не го оправдал, пишува СДК.

„На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top