Спутник: Америка даде рок за решавање на косовското прашање

Оптималниот период за завршување на дијалогот на белград и Приштина на кој инсистираат САД е 18 месеци, пишува руската агенција Спутник. Потоа би требало да следи меѓународна конференција..

„Приштина со благослов од Америка на адреса на европските држави проследи предлог според кој се бара Бриселскиот договор да добие временско ограничување. Како што дознаваме, во предлогот се наведува рок од 18 месеци како оптимален период за завршување на дијалогот со Белград, по кој треба да следи меѓународна конференција. Приштина веќе доби од неколку држави позитивни одговори на својот предлог, но не и од главната земја на ЕУ – Германија“, наведува Спутник.

Политичкиот аналитичар од Приштина Бехљуј Бецај за Спутник вели дека преговори кои немаат ограничување не водат никаде.

Од друга страна, претседателот на српскиот Одбор за Космет Милован Дрецун истакнува дека Белград сака бриселскиот процес да биде успешен и да се решат што повеќе прашања, како и дека нема ништо против на дневниот ред да се стават и некои нови теми како враќањето на Србите, расветлување на судбината на исчезнатите, имотот и статусот на СПЦ.

Според Дрецун, тоа се оние теми од кои АЛбанците упорно бегаат. Сепак, според него, клучно нешто е Албанците да дадат датум за реализација на она што е главен столб на бриселскиот процес, а тоа е формирањето на Заедницата на српските општини.

Новата платформа за начинот на пристапување кон дијалогот е уште една новост во рамки на најавата од Приштина, што за Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи значи дека Приштина планира да дефинира и список на теми за кои во иднина ќе се разговара.

„Новите теми кои, како што дознаваме, би биле јасно дефинирани се позицијата на српската заедница на Косово, бидејќи ЗСО не е добар модел за српскиот проблем, решавање на прашањето за меѓусебните побарувања, имотните прашања, заедничкиот настап за земање пари од регионалните фондови, членството на Косово во ОН. За овие прашања Приштина планира до јануари следната година да разговара со Белград, доколку добие зелено светло од Европа, за на сцена да стапи спомнатиот период од 18 месеци за завршување на преговорите“, истакнува Спутник.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top