Србија ја укинува вонредната состојба на 6. мај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ откри дека вонредната состојба во земјата ќе биде укината на 6. мај. Тоа би значело дека од четврток, повеќе ќе нема полициски час..

„Разбираме дека луѓето тешко го минуваат времето дома, но тоа беше единствениот начин да ги сочуваме животите и мислам дека во најголем дел успеавме“, рече Вучиќ.

Сепак, ќе продолжат да важат мерките за лична заштита како носење маски, држење дистанца и забрането групирање. Полека ќе почнат да се отвораат кафулињата и рестораните.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top