Србија обезбеди кинеска милијарда за доградба на брза пруга

Србија обезбеди 943 милиони евра со потпишан договор со кинеските инвеститори за изградба на третиот дел од брзата пруга на железничката делница Белград - Будимпешта со кој треба да се поврзе поинтензивно регионот со остатокот од Европа..

Договорот со кинеските инвеститори на Самитот во Софија го потпиша Зорана Михајловиќ, спрската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

- Тоа е највредниот проект во моментов во регионот, кој не е важен само за Србија. Се поврзува средна Европа со пристаништето во Пиреа во рамките на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“ - изјави министерката.

Од брзата пруга, веќе се градат 75 километри на кои што работат кинески и руски компании, но со денешниот договор треба да се доврши 108,1 километар, што треба да почне од 2019-та година.

Овој проект треба да ја направи Србија влијателна транзитна земја на коридорот 10.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top