Србија предлага решение за Косово најдоцна до април

„До крајот на март или почетокот на април ќе излеземе со предлог за решавање на Косово“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на гостувањето во телевизиската емисија „Кирилица“..

„Ќе излезам со предлог кој нема да биде: ‘Драги Албанци, ви даваме сè’. Станува збор за компромисно решение. Доколку тие не сакаат да разговараме, тогаш ќе имаме замрзнат конфликт“, рече српскиот претседател.

Коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија и Косово треба да имаат заеднички претседател и заедничка надворешна политика, Вучиќ изјави дека доколку ова се каже за Србите, тогаш ќе започне антисрпска кампања во сите светски медиуми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top