Србија прва во светот по смртност поради загаденост на воздухот

Поради различни видови на загадување на животната средина, годишно 12,000 луѓе умираат предвремено во Србија..

Србија се најде на првото место во Европа во однос на смртните случаи од загадување на воздухот, пренесува „РТС“.

Според истражувањето на Глобалниот сојуз за здравје и загадување, Србија е прва во Европа и деветта во светот во однос на смртноста по основ на разни видови загадување, пред се поради загадувањето на воздухот.

На глобално ниво, 8,3 милиони луѓе умираат секоја година од загадување.

Поради различни видови на загадување на животната средина, годишно 12,000 луѓе умираат предвремено во Србија. Овој факт ја става Србија на првото место во Европа, но и како единствена европска земја меѓу првите десет во светот.

Шест илјади луѓе умираат од загадувањето на воздухот, како на отворен, така и во затворен простор, покажува студијата на Светската здравствена организација.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top