Срцето навистина може да пукне по развод или разделба

Смртта на саканата личност го зголемува ризикот од мозочен удар.

По губењето на партнерот од која била причина, се зголемува ризикот од срцев или мозочен удар, а тоа значи дека срцето може да се „скрши и да распукне“ , тврдат лекарите.

Смртта на саканата личност го зголемува ризикот од мозочен удар 2,4 пати, утрвдиле дека научниците од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон. Истотака, имунитетот слабее по разскинувањето на врската или разводот.

- Досега знаевме само дека тагата и жалоста може да предизвикаат негативни физиолошки реакции вклучувајќи промени во згрутчувањето на смртта, крвниот притисок нивото на стресни хоромони и отчукувања на срцето, вели за „Ен-би-си“ еден од истражувачите , доктор Сунил Шах, и додава дека сите наведени тегоби го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Британското истражување ги проучиле здравствените картони на 30.000 личности, на возраст од 60 до 89 години, кои помеѓу 2005 и 2012 година ги изгубиле партнерите, како и 83.000 луѓе од иста возраст чии партнери се уште се живи.

Научниците забележале повеќе од 50 срцеви удари, од кои 0.16 отсто  во првата и 0.08 отсто во втората група. Ризикот од срцев удар е најголем во текот на првиот месец по смртта на партнерот. Три месеци подоцна, стапката на смртност се изедначила во двете групи.

Некои поранешни истражувања покажале дека интензивниот стрес кај сите нас го активира „бори се или бегај“ одговорот на организмот. Тогаш доаѓа до зголемување на адреналинот или кортизолот, што може да предизвика големи оштетувања на срцето.

Не само што по смртта на партнерот, раскинувањето на врската или разводот сме тажни и депресивни, туку многу хронични болни забораваат редовно да земаат лекови,не се хранат добро и малку спијат. Некои луѓе се оддаваат  на алкохолот и дрогата. Деменцијата и Алцхајмеровата болест се присутни кај вдовиците и  вдовците, како и кај луѓето кои тешко го преживеале разводот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top