Средба Меркел-Путин следната недела

Германската канцеларка Ангела Меркел на 18. мај во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин..

На средбата ќе разговараат за голем број меѓународни прашања, вклучувајќи го и Иранскиот нуклеарен договор, најави Јури Ушаков, помошник на рускиот претседател.

“Ние веќе објавивме дека нашиот претседател ќе има многу важна средба на 18. мај. Тоа ќе биде работна посета на германската канцеларка Меркел. Договорено е лидерите да разговараат за билатералните односи и природно, фокусот ќе биде на актуелните меѓународни проблеми”, изјави Ушаков



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top