Средба на министерот Никола Попоски со амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија Ернесто Масимино Белели

Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија..

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на позитивниот развој на македонско-италијанските билатерални односи и соработка во духот на меѓусебно разбирање и пријателство.  

Притоа, беше констатирано дека постои многу добра основа за уште подинамичен развој на билатералните политички односи во иднина, со очекување дека активниот политички дијалог ќе доведе и до поблиска економска соработка меѓу двете земји

Министерот Попоски нагласи дека Македонија особено ја цени и е благодарна за поддршката и помошта од Италијанската Република за што поскоро отпочнување на пристапните преговори меѓу Република Македонија и Европската Унија и за стекнување полноправно членство на нашата земја во Унијата и во НАТО.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top