Средба на МНР Никола Попоски со Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013-та, Герт-Хинрих Аренс

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средба со Герт-Хинрих Аренс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013-та..

На средбата беше изразено взаемно задоволство од текот на изборниот процес за локалните избори во 2013 година, при што беше повторен ставот дека истите беа ефикасно спроведени и се одвиваа во силна конкуренција. Воедно, беа разменети и мислења за Конечниот извештај за локалните избори во 2013 година и за препораките наведени во истиот.

Притоа, министерот Попоски ги истакна чекорите кои веќе ги презела Република Македонија за спроведувањето на препораките наведени во Конечниот извештај,  во однос на изборниот законик и избирачкиот список.

Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top