Средба на Претседателот Иванов со амбасадорот Орав и предавање на Извештајот за напредок

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Аиво Орав.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Претседателот Иванов, изразувајќи задоволство од потврдената препорака за подготвеноста на Република Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакна дека Извештајот на ЕК и оваа година, дава реална слика на сработеното и на постигнувањата на земјата.

Претседателот Иванов рече дека посветеноста кон реформските процеси останува високо на агендата на Македонија и изрази надеж дека на следниот Европски совет, членките на ЕУ ќе покажат лидерство и решителност.

„Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да и се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите“, заклучи на средбата претседателот Иванов.

Амбасадорот Орав изрази надеж дека реформскиот процес во земјава ќе продолжи и дека Република Македонија што поскоро ќе ги отпочне преговорите за членство во Европската унија.

Повеке фотографии погледнете во галеријата:


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top