Средба Помпео - Лавров утре во Вашингтон

Стејт Департментот потврди дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре во Вашингтон ќе се сретне со државниот секретар Мајк Помпео..

Според најавите, двајцата дипломати ќе разговараат за голем број на регионални, но и за билатрални прашања како Украина, Сирија, контролата на оружјето.

Пред средбата Помпео - Лавров во Вашингтон, денеска во Париз се одржува самит на кој лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија ќе се обидат да постигнат долгорочно примирје на воениот конфликт на истокот на Украина во кој загинаа 13 илјади лица од 2014 година.

Помпео и Лавров веќе имаа неколку средби оваа година, како и неколку телефонски разговори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top