Средба Заев - Могерини на Самитот во Лондон

Владината делегација на Самитот во Лондон ја предводи премиерот Зоран Заев, кој денеска треба да има средба со високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини..

Се очекува, премиерот  Заев да се обрати на панелот „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“. Ќе учествува во работата на пленарната сесија водена од британската премиерка, на која ќе бидат презентирани плановите за Самитот во Варшава во 2019 година.

Свое обраќање веќе имаше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на сесијата на која се дискутираше за споделување на информации и соработка помеѓу земјите. Тој рече дека во Македонија институциите надлежни за спроведување на законот спроведуваат мерки и активности со кои ќе ја олеснат размената на информации со цел полесно справување со организираниот криминал  и тероризмот. На крајот од оваа сесија беше потпишана и заедничка декларација на земјите учеснички.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top