Среќен беше во Манчестер: Но жали по одлуката што не заминал во Примера

Рио Фердинанд години откако се повлече од активното играње фудбал, открива дека иако бил среќен што бил дел од Јунајтед, сепак на моменти пожалил што на го напуштил клубот, бидејки посакувал во Барселона или Реал Мадрид..

Тој открива дека има поттајна желба да заигра во една од големите екипи во Примера.

„Јас секогаш бев опседнат со освојување на домашното првенство, секоја сезона, но исто така бев опседнат и со освојување на ЛШ. Лигата на шампионите ја имаше таа енергија да го возбуди секој играч во тоа натпреварување. Зборував со мојот агент и ме праша дали жалам за нешто во кариерата? Јас му реков веројатно моето најголемо жалење е што не заминав некаде во странство“.

„Пино Захави ми рече дека можев да направам трансфер во Реал или Барселона, што можеби и беше една од моите желби, сепак еднаш кога стапнав во Јунајтед, опсесијата со освојување титули беше присутна таму константно, така да веќе неможев да заминам“, исткана Фердинанд.

Тој во Манчестер се задржа 12 години, каде освои 6 титули во Премиерлигата, два купа, една ЛШ, и ФИФА Светско клупско првенство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top