Српската Народна партија го тужи Вучиќ поради воведувањето полициски час

Српската Народна партија најави тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните..

Од паријата велат дека Вучиќ прогласил победа над короната, а сега повторно ги заклучува граѓаните во куќен притвор за ним да им ја наметне одговорноста за состојбата.

„Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со лажните избори“, наведе Народната партија преку соопштение.

Партијата повика на нови протести најавени за попладнево против воведувањето полициски час.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top