Српската опозиција најави бојкот на изборите

Лидери на опозицијата најавија дека доколку не им бидат усвоени барањата до средина на септември, тие ќе ги бојкотираат изборите..

По нивниот состанок претседавачот на Сојузот за Србија, Јанко Веселиновиќ изјави била постигната согласност дека немало услови за слободни и фер избори и дека медиумите не се слободни. 

Тој им порача на власта да не помислуваат да „манипулираат со така наречени разговори“, како и дека опозицијата ќе ги исцрпи сите можности за да се дојде до слободни избори, а тоа се и разговори и учество на протестите „Еден од пет милиони“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top