ССМ денеска избира лидер

Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го оддржи продолжението на пленарната седница, каде треба да се избере нов лидер на синдикалците..

Продолжението се одржува денеска откако конгресот беше прекинат во Охрид на 11 ноември затоа што за прв човек на ССМ имаше само еден кандидат, актуелниот в.д претседател Дарко Димовски.

Изборот на нов претседател ќе се одржи во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија. По завршувањето на Вонредниот Конгрес на ССМ предвидено е обраќање од страна на избраниот претседател.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top